Министерот за надворешни работи Никола Димитров ужива во својата популарност и во тоа што го препознаваат дури и кога некаде влегува и со маска и со очила за сонце, како што е случајот со денешното влегување во претседателската вила на Водно во Скопје.

– Денеска влегувајќи во Вила Водно, изумив дека уште носам очила за сонце. Ама некако ме познаа, се пофали на Фејсбук Димитров.

Навистина сите сакаат да бидат познати, популарни и препознавани од обожавателите, граѓаните, портирите, сообраќајните полицајци… Но, ретко кој може да биде познат по катастрофален договор за смена на името на сопствената татковина.

За наша несреќа, и за несреќа на Македонија, таа „среќа“ ја има министерот Димитров.

(Д.Г.)