Случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување стана предмет за работа и на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Да, се води истрага за лицето Ден Дончев и немам информации дали тој е во земјава или не, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска.

ВМРО-ДПМНЕ бара итна разрешница на случајот на Дончев.

-Дончев лани во период од само 6 месеци примил 3.120.006 денари, односно над 50.000 евра од страна на австралиската „Мегантик“, кои се исплатени од страна на фирма со исто име од струмичко Муртино, чие седиште верувале или не е во деловниот центар „Глобал“. Парите кои Дончев ги примил за време додека бил директор на ФЗОМ, се земени во спротивност на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Дончев де факто и де јуре го прекршил законот, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ден Дончев пред десетина дена поднесе оставка, а функцијата, што ја извршуваше од август 2017 година, ја напушти поради приватни семејни причини.