Бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција рече дека е горд што „нашата земја се исправи пред предизвикот со коронавирусот“ и најави дека на ист начин ќе се справуваат со економско-финансиските последици.
За евентуален бојкот на кампањата, тој порача дека такво нешто не е воопшто посакувано.
– Не може да има бојкот на избори од никој. Сите поднесоа кандидатски листи, ДИК ги прифати тие листи. Изборите се веќе јасно дефинирани. А тоа дали некој ќе ја бојкотира кампањата, верувајте дека не сакаме никој да направи такво нешто. Граѓаните нека ги ценат аргументите, ние остануваме отворени за разговор, рече Заев.