Унгарија е една од првите земји која го доби јапонскиот лек Авиган за третман на пациенти со коронавирус, изјави министерот за надворешни работи, Питер Сијарто.
Тој најави дека во Унгарија ќе се спроведат нови клинички испитувања на овој лек, чија активна состојка е фавиправир, која е регистрирана во Јапонија.
Испораката на 12.200 таблети Авиган, што е доволно за лекување на 100 пациенти, пристигна вчера во Унгарија.
Тој додаде дека лекот е испратен во истражувачкиот центар на Универзитетот во Печи на југот на земјата.
Професорот Габор Ковач вели дека лекот ќе се користи за клинички испитувања на сто пациенти „во контролирани услови и со голема претпазливост“.
Авиган е регистриран во Јапонија како лек против грип, но се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.