Од 37-те новозаболени од ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Во моментов, во Скопје има 199 активни случаи на заболени од коронавирусот, a речиси 60 отсто од активните заболени се од трите скопски општини, и тоа во Сарај – 41 лица, потоа следува Гази Баба – 39 лица, Чаир – 38, Аеродром – 25, во Бутел-13, во Ѓорче Петров и Центар по 9, Карпош и Илинден по 7, Шуто Оризари 6, Кисела Вода 3, Петровец и Студеничани по 1 заболен.