Владата на денешната седница донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21.
Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток (28.05.2020)
Одлуките ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје,
Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.
Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.