Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил апелира до граѓаните да даваат точни и целосни информации на епидемиолошките анкети.
– Лекарите се тука да се грижат за нас. Да бидеме искрени со нив и да даваме точни и целосни информации на епидемиолошките анкети. Одговорноста е наша, битката е заедничка. Од нас зависи, напиша Филипче.