Најодговорно да ги почитуваме мерките за лична заштита, само заедно ќе го победиме коронавирусот, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.
– Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита на здравјето. Сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот. Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние. Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани