Околу 25 проценти од населението во Македонија имало контакт со вирусот, судејќи според моменталните и претходните бројки, изјави д-р Вело Марковски за ТВ Канал 5.
– Мое мислење, но и според мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и во периодот по 20 до 25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени, рече Маркоски.
Докторот нагласи дека колку е поголем стравот толку се полоши решенијата за борба против инфекцијата.