Или сега ќе воведеме целосна контрола врз вирусот или ни претстои долга и тешка битка, објави вицепремиерката Мила Царовска.

– Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка со Ковид-19. Убедени сме дека ќе успееме, заедно ќе го совладаме невидливиот непријател. Затоа, сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје, објави Царовска на Фејсбук.

Како прилог кон објавата е додадена и паролата: Влегуваме в оклучниот период во борбата против коронавирусот.