Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека државата вложила милијарда евра во патна инфраструктура и реализирала важни проекти.

– Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, пишува Спасовски.

Тој во продолжение ги наведува капиталните проекти.

– Инвестирани милијарда евра во патна инфраструктура, завршена 80 отсто од примарна и секундарна гасификација. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1500 километри постоечки патни правци. Ги подобривме условите во 28 јавно- здравствени установи и 43 полициски објекти. Изградивме три пречистителни станици. Изградивме повеќе од 320 социјални станови, стои во објавата на Спасовски на ФБ.