Исланд 13. година по ред е најмирна држава во светот, се наведува во овогодинешниот извештај на Институтот за економија и мир.

Глобалниот индекс на мирот се објавува секоја година, а државите се оценуваат според 23 критериуми од три категории: општа безбедност, милитаризација и меѓународни спорови.

На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, а потоа следат Австралија и Данска.

Македонија се наоѓа во средно мирни држави и е на 62 место додека минатата година била на 64. место.

Од балканските земји на листата највисоко котира Словенија, која е на 11 место, Романија – 22, Хрвтска е на 26, Бугарија на 28, Србија на 51, Албанија на 55, Грција на 57, Кипар на 64, Црна Гора на 69, а Босна и Херцеговина на 79 место.

На последните три места од листата всушност на 161 е Ирак, на 162 е Сирија, а на 163 место е Авганистан.

Институтот за економија и мир, чие седиште е во Австралија, од 2008 година го објавува  Глобалниот индекс на мирот.