Премиерот Оливер Спасовски на фејсбук објави дел од интервјуто што треба да излезе во новиот број на „Фокус“ во кој посочува дека датумот на предвремените парламентарни избори е завршена тема за Владата.
-Датумот за изборите е завршена тема за Владата. Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.