(видео) ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ: Александар Македонски е Грк, a Македонцитe се Бугари

/ 20.06.2020

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.

„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар Македонски. Не сте. Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели. Знаеме дека дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време. Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија. Македонија е бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е истиот јазик. Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете идека албанскиот исто така не е истиот. Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уштене сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со и со малце ќотек, сè ќе си дојде на место, вели Џамбаски.

Гробот на Делчев не е во Скопје, коските му се фрлени по патот од Софија, тврди Бугаpскиот фашист, евpoпpaтеникот Џамбаски!

Гробот на Делчев не е во Скопје, коските му се фрлени по патот од Софија, тврди Бугаpскиот фашист, евpoпpaтеникот Џамбаски! (потпретседателот на софиската ВМРО на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.)19 жетваp 2020Од серијата шокантни искази на европратеникот Ангел Џамбаски, фашист од Бугарија во видеоконференцијата на неговиот профил на Фејсбук се издвојува „епохалното“ откритие за гробот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.„Гробот на Гоце Делчев никогаш не бил во Скопје. Тој е во село Баница, близу Сер, каде што е убиен во 1903 година. Таму е погребан. Потоа дел од коските му се извадени и се пренесени во Бугарија, само рацете и главата. И потоа кога доаѓаат смрдените комунисти, комуњарите, Југословените, Бугарската комунистичка партија, предавниците комунисти, ги предаваат главата и рацете на Гоце Делчев на српските/југословенските комунисти. Во Скопје имате само една камена вазна, а што има во таа камена вазна никој не знае. Колку што знам, таму нема ништо. Колку што знам, коските на Гоце Делчев што ги зеле југословенските комунисти од Софија се фрлени по патот натаму! Така што, гробот на Гоце Делчев не е во Скопје, никогаш и не бил, туку во село Баница, каде што е убиен. Читајте малку“, порача потпретседателот на софиската ВМРО на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.Наспроти тврдењето на Џамбаски на видеово, стои историскиот факт дека на 7 октомври 1946 година, со голема свеченост и со највисоки почести, од Софија биле испратени посмртните останки на кукушкиот војвода во Скопје, со што е исполнет неговиот аманет да почива во главниот град на слободна Македонија. Минувајќи низ Пиринска Македонија и низ повеќе градови на тогашна Народна Република Македонија, останките на Делчев со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во камен саркофаг во црквата „Св. Спас“.

Gepostet von Види Види am Freitag, 19. Juni 2020


Од истата категорија