Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва во ТВ 24 Телевизија, а во врска со предлогот на ДУИ за премиер Албанец, изјави дека повеќето Албанците се шегуваат со ДУИ за тој предлог, дека истото е демагогија и ја понижува интелегенцијата, но ја дефокусира јавноста од неуспесите на ДУИ кон Албанците.

-Господинот Ахмети е 18 години на власт, овие се седдми парламентарни избори, на шест парламентарни избори победил, имал прилика за ваков предлог, имал шанси 2006, 2009, 2011, 2016 година, Ахмети беше пратеникот кој не отиде да го гласа Талат Џафери за претседател на Собрание, вели Таравари.

Таравари вели дека по нивните анкети, неговата партија била две-три отсто предност во однос на ДУИ и Ахмети, како и тоа дека со ниеден закон не е забрането Албанец да биде било каков висок функционер. Но, според него, ова е демагогија на ДУИ, зашто мандатар може да биде Заев или Мицкоски.

Што се однесува до кризата со Ковид 19, Таравари изјави дека членовите на Комисијата за заразни болести како и претседателот на Комисијата Жарко Караџовски, треба да се повлечат од функциите заради неуспешност во менаџирање со состојбата со вирусот во земјава.

-Дефинитивно сметам дека претседателот и Комисијата за заразни болести имаат морална одговорност да се повлечат од функциите во Комисијата, затоа што бројките споредбени со сите држави од регионот по објективни мерења не сме менаџирале добро со состојбата, ние сме 120 на ранг листата по успешност во справување со состојбата со вирусот, истакна Таравари.

Тој вели дека најголемата грешка беше мерката за карантин во Скопје за празниците, што од град каде што има огромен број на заразени, се стави во полициски час, а тоа население отиде во други градови, да го пренесува вирусот.

-Мерките кои се носеа беа од Комисијата за заразни болести, ние како партија побаравме претседателот на таа Комисија да се повлече, затоа што креаторот на овие политики е Комисијата и тука е дефектот, вели Таравари.