Неколку стотици граѓани, претежно млади лица, денеска го одржаа вториот протест „Правда за Кољо“ и уште еднаш го искажаа својот револт за висината на пресудата со која судот го казни лицето кое минатата година го уби 17-годишниот Никола Христовски – Кољо.
Под слоганот „Жолт картон за системот“ и „Младите животи вредат“, облечени во црни маички во натпис „Правда за Кољо“, со транспаренти и жолти картони, граѓаните јасно порачаа „Уаа убијци“, „Сакаме правда“, „Судство за пари“.
Присутните прво седнаа пред Министерството за правда каде дадоа аплауз за убиениот 17-годишник, по што тргнаа кон Обвинителството, каде наидоа на полициски коридор, објави Република. Кратко се задржаа за да продолжат кон комплексот судови на Битпазар.