Д-р Мирослав Бошковски денеска донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен, кој беше споделуван деновиве на социјалните мрежи.
„Кога видов дека се бара моја крвна група, Б позитив, веднаш телефонски контактирав со Институт за трансузиона медицина. Во рок од 24 часа ги направивме сите тестови, анализи, вклучително и оние со кои се гледа дали имам доволно протеини, хемоглобин и количество на антитела. Се надевам искрено дека ќе помогнам. Откако донирав плазма, се чувствував исполнето и среќно, имав чувство дека сум направил добро дело. Тоа, нема цена, сознанието дека си помогнал за да спасиш нечиј живот. И покрај тоа што тоа ни е секојдневна обврска на нас лекарите, сепак чувството овој пат беше посебно“, вели д-р Бошковски од Куманово, 35-годишен матичен лекар и специјализант по интерна медицина.
Да им помогнеме на заболените од ковид-19. Да спасиме човечки живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирусот, ако ги исполнува стандардните услови за дарување на крв и дополнителните критериуми.
На следниов линк: Кој и како може да дарува конвалесцентна плазма?