„Демократија на диво: Денес во 11,30 ч. по налог на Талат и Цветанка Иванова, Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата, на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана!
Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите.
Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото“, објави претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски.
Претходно, тој ја презакажал седницата зашто Џафери ги изветсил пратеницте дека се на годишен одмор.