Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, за нова развојна економија и добро платени работни места, а Арачиново пак ќе биде дел од победата за сигурна иднина, објави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Од Арачиново почна рушењето на режимот и одовде повторно испраќаме пораката за единство, сплотеност и сите заедно да направиме подобро за нас и нашите деца, објави Спасовски на Фејсбук.

Како што е познато, една милијарда, но не евра туку долари, беше ветена и никогаш не стигна во Македонија од Тајван, од лидерот на некогашната партија Демократска алтернатива, Васил Тупурковски – Циле. Исто така, милијардата на Циле, како и милијардава на Оливер беше ветена во кампања на парламентарни избори.

Од тогаш „една милијарда“ стана неофицијална мерка за димензии на изборни измами.

(Д.Г.)