Ќе коалицираме со секој оној со кој што програмата ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, односно ќе ги прифатат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот телевизиски дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев на ТВ 24.
– Можеби ќе има и од пратеничкиот состав на коалицијата која ја предводи СДСМ имајќи ги предвид разговорите во овој предизборен период, ништо чудно да се приклучат и да ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, наведе Мицкоски.
Според него, СДСМ на овие избори ги очекува најголем пораз.
Имаме јасна методологија, имаме концепт, имаме политики кои ќе ги преземеме уште во првите 100 дена и можам да најавам дека во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании, наведе Мицкоски.
Тој потенцираше дека идната влада ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде влада во која ќе имаме раст на плати, на пензиите, вистински инвестициски бум, за разлика од Владата на Заев која, истакна, не постави на дното во регионот и Европа.
-Три години чекаме да проработи, да го вклучите бројчаникот, а вие три години во штекер не го вклучивте, рече меѓу останатото Мицкоски.