Од вкупно 1.198 тестови на коронавирус направени вчера во Словенија, 21 се позитивени, што е најголем број на нови инфекции за еден ден од 16 април, кога биле регистрирани 36 случаи, објави новинската агенција СТА.
Девет пациенти се лекуваат во болница, но ниту еден од нив не е на интензивна нега.
Нема нови смртни случаи и нивниот број останува 111. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во таа земја изнесува 1633 лица.