Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден пријавија повеќе од 58.000 нови случаи на Ковид-19, што е глобален рекорд, односно најголем пораст забележан досега во една земја за еден ден.
Во летните денови, САД се соочуваат со зголемување на бројот на заразени, поради што многу држави се принудени да ги затворат баровите и плажите во обид да го намалат ширењето на вирусот.
Флорида пријави речиси 10.000 нови случаи, а Калифорнија и Тексас, секоја по 7.000 нови случаи.
Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа најновата анализа за случаите во последните две недели во споредба со две недели претходно.