По мало отсуство, еве се враќам се враќам во „Северна“ на Заев. Да гласам. После не знам дали ќе ме примат назад, ама ако треба и тест ќе правам и 14 дена ќе седам во карантин, но ова не го го пропуштам! Гледам Грета Тунберг уште не ни ги затворила аеродромите, ама кај да е, можеби ќе му се јави пак на Црпнатиот. Кога ќе и биде досадно. Да му каже, меѓу две голтки од пластично шише, да и направи некоја тегла ајвар. Природен. Она не сакала. Тоа и било само за сликање, ама мајка и и татко и многу биле по ајварот. Од муртинска пиперка. И „затова јави му се на премиеро! Дечичка, играат си мајтап ус човеците!“
Од Грета налетувам на сликата на Заев до човекот со трансплантирано срце. На три-четири дена пред избори, правиш пропаганада од трансплантација. Срамно? Нееее, далеку било. Во секој случај, не е посрамно од некрофилијата со Смиљковско, со Мартин Нешковски, со … А можеби и е. Кој знае? Ама знам, „ово нема ни у Београду“.
Од таа слика налетувам на говорот на Филипче дека на 15-ти се избирало меѓу тоа дали народот сакал тој да продолжи да ја убива короната или некој друг. Не знам зошто тогаш кога тргнував наваму ми рекоа дека сум будала што одам во Северна зашто таму беснеел вирусот, ама пак тие странците отсекогаш не мрзеле. И во говорот на Филипче една од првите рабати е дека не известувале „навремено“.
На ортакот на министерот Смрт и на Жути изгледа не му е кажано дека да известиш за бројот на заразени и мртви и не е некоја посебност. Тоа го прават и другите. Вкупо 216 држави и територии во светот. Но, незваинсо од тоа, значи, значи и пак значи, на 15-ти одлучувате дали сакате и натаму тој да ве ве известува благовремено. Што мора да се признае барем не е чекор назад. Во однос, на пример, на 1986 г. кога Советите неколку дена чекаа да кажат за Чернобил. Или во однос на 1989 година кога за првите урнати цигли од Берлинскиот ѕид московска Правда објави дури третиот ден, со вест од неколку реда на четвртата или петтата странива, за тоа како некои луѓе во Берлин нешто стоеле околу ѕидот во група. Играле „фанта“ и три ќибрита тоа Швабите источни.
Така што, мора да признаете, од 1986 и 1989 година, па до денешна 2020 година, значи после 30 и кусур години, ние сме стигнале до тоа министерот за здравство да се фали дека секој ден ни кажува колку мртви и заразени има. Тоа е како судот да ви каже дека денеска се донесени 300 пресуди од кои 200 осудителни. Супер. Не знам зшто Чулев не се фали со тоа дека МВР секој ден пишува колку сообраќаји има, колку убиства, разбојништва… Доаѓа 15 часот, излегува Чулев, смирен се разбира, и кажува: МВР денеска регистрираше пет убиства, десет разбојништва, 50 сообраќајќи… И пак супер.
Ние пак, „отсутните“, а и овие тукашниве, не сите, но барем некои од нив, мислиме дека поентата на МВР е да има помалку разбојништва, а поентата на Суперемен Филипче требаше да биде да не бидеме шампиони на Балканот по заразени и мртви. Ама, по ѓаволите, од каде пак ние да знаеме што е поентата на еден министер за здравство, што е поентата на лидер на партија од Муртино, од каде да знаеме, кога ете, гледате, за закон за обвинителство Рада викана „бонбона“ си разговара со Бокица. Никица, оној со исушената рака, седел на телефон и чекал, што Рада и Бокица ќе се договорат, за да се јави во Брисел, оти нели законот беше услов за ЕУ.
Инаку, ако се присетите, можеби ќе ви падне на памет дека на 26 јуни, оваа 2020 година, а не 1986 или 1989 година, ова момчево што било така транспарентно, изјави дека тие денови фактоторт на пренесување на вирусот е паднат под 1, а дека во време на пикот во април бил над 2,5. То значи, дека тие денови околу 26 јуни, еден позитивен заразазувал помалку од еден човек, за разлика од претходно кога еден поитивен заразувал најмалку 2,5 лица. Паѓањето на факторот на пренос на вирусот под еден, на почетокот на кризата се сметаше како показатаел дека таа си заминува и дека епидемијата е ставена под контрола, односно дека е победена. Слилно тврдеше и оној вирусологот на Меркел, Дростен, односно првиот човек на “немската“ стратегија за борба со Ковид 19. Тоа пак знаечеше дека токму овие денови, пред 15-ти, бидејќи од 26 јуни до денеска се поминати повеќе од 14 дена во кои „се истрошиле“ претходните пренесувања на вирусот, ние требаше да означиме (по втор пат) победа над Ковид. Со спорадични, минимлани заразувања. Или со други зборови, СДСМ ови денови требаше да дели нови флаери со Супермен Филпиче. Ама момциве пак нешто утнале. Или не утнале, туку тогаш транспарентно лажеле. Оти да имаш фактор на пренос под 1, а 14 дена подоцна ден за ден да имаш меѓу 12 и 15 отсто позитивни од тестираните, тоа е веќе за ладен туш.
Но, нам ни се случува обратното. Се разбира, затоа што народот е виновен. И затоа што најдобро е да се стрела. Мислам, не е во ред вака, да го шири вирусот меѓу себе и со тоа да внесува страв кај луѓето пред избори. Ете, во Србија пред избори на народот му рекоа: Супер, ајде малку на дерби натрепаври, соберете се по 15 000 луѓе еден до друг. Во Бугарија завчера, на едното место – Бојко наш миличок, на другото – Радев, ги собраа луѓето на митинзи зашто Бугарија влегла во чекална за евро зоната. Пола луѓе без маски, некој шутрак застанал позади Бојко и на цел глас скандира, без маска разбира се, па тие од Радев тргнале кон тие од Бојко, па полицијата тука негде меѓу нив, имате слики со маски и слики без маски, бигарскиот Филипче си гледа во небо и брои ѕвезди додека еведро, исто како и српскиот… А луѓето умираат. И таму и тука. И Филипче ни вели, дали сакаме да продлжиме со него. Бог да чува и да брани!
Арно ама, сите заедно, и ние и Србите и Бугароте го имаме СЗО. Кое нам ни вели да не се мериме со другите оти тие криеле. А ние пак сме биле транспаренти. Зашто сме школувани во Финска. Инаку, ќе криевме и ние. Небаре ковчезите се кријат.
Како и да е, Супермен Филипче во едно нешто е во право: на овие избори навистина одлучувате дали сакате тој и сегашната свита да продолжат да го победуваат вирусот или некој друг. При тоа, борбата со вирусот не е само медицина. Таа е функционирање на правниот систем, чија девастација најдобро се виде токму на примерот со вирусот, таа е и Нина Ангеловска, зашто медицина без пари нема, таа и е и Јовески и Рускоска и Кацарска… Ако сакате таа е и оној заборавениот од ДУИ кој мораше да претрпи стрес кога цајканката се удир од пајакот. Борбата со Ковид 19 се и советувањата со Боки за законот за обвинителство. Ха, замислете се себе како обвинител, сте работеле 30-40 години, и потоа некаков си бивш асистент на технолошки или кој веќе беше факултетот на Рада, ви разговара за законот по кој ќе работите со некој кој бил во „задруга“ или како веќе се викаат оние српски шоуа. Така што, свети Филипче, Супремен Филипче, овој пат навистина си во право. Во среда граѓаните навистина одлучуваат дали ти и свитатата на Заев ќе продолжите или ќе бидете фрлени таму каде заслужувате! А, јас, од аеродромов одам во кафеана. Немој да ја праќате онаа Мира Проја, зашто ќе седам надвор, ќе имам маска, а ќе пијам преку цевка. По малку. За во среда со чист ум и јас да ве пратам во …! И тоа порано, за на време да си направам „цурих“!