Дури 9,7 отсто од вкупно 47,7 милиони патнички автомобили во Германија се постари од 20 години, посочува ново истражување. Повеќе од 23,4 насто од возилата, пак, се постари од 15 години.
Просечната старост на патничките возила на германските патишта е 9,6 години, што е рекордна старост во Германија. Во тој европски просек, Германија е зад Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8,0), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9,0 години).
На дното на списокот е Литванија, каде што просечната старост на возилата е скоро 17 години.
Стручњаците повикуваат на итно делување на политиката.
Фердинанд Дуденхофер од Центарот за автомобилски истражувања при Универзитетот во Дуизбург, вели дека овие бројки се јасен сигнал за тревога, и потреба од поефикасна програма за помош на германскиот пазар на автомобили. Тој смета дека е грешка што автомобилите на погон на гориво испаднале од програмата, посочувајќи дека „ништо не може да се постигне во борбата против климатските промени“, а и тешко ќе оди закрепнувањето од оваа рецесија, најтешка по Втората светска војна.