Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.