Претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ, најави дека за три месеци ќе биде потпишан договор за изградба на брза пруга од Белград до Ниш.
Како што јави дописникот на МИА од Белгад, Вучиќ на својот Инстаграм профил прецизираше дека ќе се гради брз пруга на оваа делница во должина од 204 километри, за возови што ќе се движат со брзина од 200 км на час и дека од Белград до Ниш ќе се патува за еден час и 20 минути.
Според најавите на Вучиќ, проектот треба да биде завршен до крајот на 2023 година. Вучиќ не објави други детали за овој проект.