Уште тројца млади заболеа од Ковид -19 во Кавадарци, ова денеска за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за две машки и едно женско лице, на возраст од 19 и 22 години, од познати кластери.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.