Само неколку дена откако беа отворени, училиштата во североисточната држава во Германија, Мекленбург-Западна Померанија се одново затворени, а околу 800 ученици се испратени дома од Гете гимназијата во Лудвислут, откако еден наставник бил позитивен на тестот за Ковид 19, известуваат германските медиуми.
Заразениот наставник не држел часови откако гуимназијата била отворена во понедленикот, но сите 55 професори сега морааат да се тестираат.
Гимназијата ќе остане затворена најрано до среда.
Истовремено, 100 деца од основно училиште во Рошток се ставени во карантин од две недели откако едно дете добило потврда дека е заразено.
Ситуцијата во овие училипта се набљудува внимателно од цела Германија, зашто тоа се првите две училишта кои се отворени откако сите ученици во Германија пролетта беа испратени дома. Вчера, четврток, беа отворени и училиштата во Хамбург.
Министерствата за образование и здравство се соочуваат со големи критики заради отворањето на училиштата со оглед на тоа што иако Германија важи за земја која добро се справи со кризата (има два ипол пати помалку мртви од Македонија на милион жители), последните денови забележува нов раст на заразените, а вчера бројката на ново откриени позитивни изнесувала над 1000 лица.