Уште една реприза на тоа што речиси секојдневно се случува, полицијата фаќа мигранти во Македонија, а шоферот што ги транспортира им бега.
МВР денеска соопшти:
– На 12 август 2020 година околу 18 часот, на автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај село Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство. При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, објави МВР во својот дневен билтен.