Директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ С. С. – Сенко во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, објави Лидер.

Како што пишува порталот, при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник. На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.

Денеска на Фејсбук се огласи и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој на својот Фејсбук профил објави дека директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје  е разрешен.