Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои третото место на денешната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола во рамките на ТЦР Италија шампионатот.
Тоа беше одличен настап на македонскиот возач со своето „Hyundai i30N“ откако вчера имаше проблеми и излета од патеката и остана без пласман. Денеска, направи се што е во негова моќ да оствари добар пласман и успеа во тоа.
Заврши на третото место на подиумот. Инаку ова е негово второ качување на подиумот во Имола по она во 2016 година. Оваа сезона Иџе е единствениот странец во ТЦР Италија, а во конкуренција беа уште 22 возачи од Италија.
Победник е Редуци кој на вчерашната трка беше втор, а Тавано кој вчера заврши на позиција пет, е втор.