Посебни упатства ќе добијат училиштата за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат онлајн, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа појасни дека иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

-Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што онлајн наставата треба да го даде максимумот што може со онлајн настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.

Министерката најави и дека учебната година ќе има 159 дена и ќе заврши како вообичаено на 10 јуни.