Речиси сите полициски приказни за фатени мигранти се по „исто сценарио“: Полицијата стопира, возачот не запира, а кога ќе запре бега и полцискит плен се само уште извесен број илегални мигранти во Македонија. А тие приказни се секојдневни.

Идентична е и денешната објавена во денешниот полициски билтен:

„На 05.09.2020 околу 04.00 часот на магистралeн пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар. Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција)“.

Во додатокот од приказната стои: Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот!