Предметот „Талир” продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на бизнисменот Силјан Мицевски од Битола.
Мицевски сведочеше на предлог на обвинителката Ленче Ристоска.
Од Мицевски очигледно се очекуваше да сведочи против опозициската партија која поради овој случај е со замрзнат имот долго време. Но, бизнисменот пред судот денес истакна дека тој го финансирал и СДСМ. Ова не е пријавено во ревизорскиот извештај!
Обвинителката Ристовска ја слушна оваа изјава, па ќе видиме дали ОЈО ќе подигне обвинение и за ова!
Во спротивно, ќе стане уште појасно дека овие случаи не се водат по закон, туку по нарачка.
Инаку, според извештајот на Канал 5, на судењето Мицевски го изјавил и следното:
„По наредба на премиерот Груевски или генералниот секретар на Владата се случувало да ми кажат: ‘земете го тој и тој подизведувач’. Ми кажаа, на пример, да го вклучам ‘Трансмет’ за ископ во Битола“, рекол Мицевски во судот, дополнувајќи:
„Лично сум однел 10.000 евра кај Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”.
Според него, овие барања доаѓале еднаш од Влатко Чинговски, кој бил директор на ЕЛЕМ, вторпат од Кирил Божиновски, но имало и други што доаѓале, но не ги познавал сите.