На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено патничко возило.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи 63 санкции се изречени за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.