Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата продолжува со протестите. Народот утре ќе излезе на улица во 18:30 часот на протестот најавен како протест против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.
Еве како Мицкоски го најавува протестот:
Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта?
Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?
❌Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев
❌Кога критички новинари се тепаат
❌Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата
❌Кога за убиство во сообраќајка се добива само условна осуда
❌Кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за “државни непријатели” за да се уценуваат нивните сопственици
❌Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види
❌Кога обвинителството е ревносно за опозицијата која критикува, а преспива огромни и еклатантни случаи на криминал
❌Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија
❌Кога мафијата станува држава, а ВМРО-ДПМНЕ им е трн во око, затоа што мафијата сака да контролира две партии
❌Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат
❌Кога судството го штити криминалот
❌Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово
❌Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард
✅Одговорот е ПРОТЕСТ.
ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.
Среда во 18.30 часот, од министерството за (не)правда до Основен суд 1.
За правда која ќе стигне до сите, безусловно.
Се гледаме!