Корупција во Македонија има име и презиме, се вика Зоран Заев, се истакнува во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со фалбите на владините функционери за „исчекор во борбата против корупцијата“.
– СДСМ нека престане преку стерилни соопштенија да го брани Зоран Заев и да лаже дека во Македонија нема корупција. Корупцијата поради Зоран Заев и СДСМ е присутна во секој агол во земјава. Во секоја афера со корупција е вклучена владата на Заев. Афери како „Рекет“, „Рекет 2“, „Дака“, „Шпанско село“, афера со Рашковски и низа други кои завршница немаат поради продолжените раце на СДСМ во правосудниот систем. СДСМ освен свое лично богатење, ништо друго не гледа, се вели во реакцијата.
Натаму се додава:
– Владата на Заев нема решение за 40.000 невработени, кои останаа без работа во време на Ковид криза. Граѓаните кои останаа со заробени депозити во пропаднатата банка во скандал од 200 милиони евра се уште се соочуваат со проблеми. Тетово ќе се претвори во урбана џунгла за контроверзниот бизнисмен Дака да земе 200 милиони евра. Владата е пуштена на криминал и корупција. Македонија со СДСМ само тоне. А, СДСМ се што прави единствено е криминал и корупција. Казната за криминалот и корупцијата доаѓа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.