Граѓани на општина Бутел со блокирање на главната крстосница го изразија својот револт зошто биле единствена општина без поликлинка.
Тие го потсетија градоначалникот на ветувањето дека ќе има ваква здравствена установа но се уште во општината немало поликлиника.
Според нив директно се засегнати околу 60.000 граѓани а дополнително во руинираната амбуланта како што тврдат во ек на пандемија со Ковид-19 не се вршеле ниту лабораториски услуги.
Тие најавија и нови протести се додека не ја добијат ветената поликлиника.
Извор: Сител