Со 10 пати повеќе тестирани во Србија за Ковид-19 денеска имаат 32 заразени помалку отколку во Македонија која има 83 нови случаи, а кај нас е поголем и вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата.
Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 5.349 лица, од нив 51 биле позитивни, додека починале две лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во здравствените установи низ Србија има 20 пациенти на апарати за дишење. Досега починале вкупно 756 лица, а потврдени се вкупно 33.982 позитивни случаи од 1.159.806 тестирани.
Денеска, пак, Македонија има само 539 тестирања, а регистрирани се 83 новозаразени. Досега во Македонија се направени вкупно 195.541 тестирања, а вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18.873 пациенти и 760 починати.