Во изминатото деноноќие починале осум пациенти заразени со корона вирус, соопшти Министерството за здравство.

Сите починале во болнички услови, двајца од починатите се од Скопје на возраст од 75  и 68 години, тројца од починатите се од Гостивар на возраст од 82, 68 и 65 години, еден шеесет и деветгодишник од Кочани, седумдесет и осумгодишен пациент од Струга и еден шеесет и четиригодишен пациент од Струмица.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7538, активни 1005

• Куманово 1812, активни 167

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1294, активни 69

• Прилеп 737, активни 147

• Тетово 1509, активни 168

• Струга 694, активни 47

• Велес 341, активни 32

• Битола 338, активни 77

• Охрид 442, активни 35

• Кавадарци 252, активни 39

• Гостивар 948, активни 66

• Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 316, активни 177

• Крива Паланка 127, активни 35

• Радовиш 102, активни 34

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 432, активни 171

• Пробиштип 119, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 3

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 130, активни 50

• Валандово 51, активни 36

• Виница 126, активни 37

• Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 376, активни 53

• Кичево 336, активни 26

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1841 теста се преку: ИЈЗ-379, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-266, Биотек-253, МАНУ -210, Жан Митрев (Филип Втори)-278, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –78, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-4, ГАК-17, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети и со можност да има измена во дистрибуцијата): Чаир – 61, Гази Баба – 114, Аеродром – 73, Карпош – 147, Центар – 171, Кисела Вода – 116, Ѓорче Петров – 74, Бутел – 44, Шуто Оризари – 17, Студеничани – четири, Сарај – 14, Арачиново – пет, Илинден – 32, Сопиште – три, Чучер Сандево – четири, Петровец – седум, Зелениково – три, Странец – девет, Нераспределен – седум.