Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица.

Еден доктор е во самоизолација во следните три дена, со потврден негативен тест за Ковид-19. Нема останат персонал кој е во самоизолација според проценка од страна на епидемиолози, нагласуваат од Министерството.