Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избра Жаклина Пешевска за претседател на Унијата на жени, информираат од партијата.

Пешевска, се вели во соопштението, е актуелен пратеник во Собранието и доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.

На вчерашната седница на ИК, исто така, донел одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на ОК во Старо Нагоричане, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Гевгелија, Неготино, Новаци, Ресен, Струга, Кичево, Центар Жупа, Дебар, Гостивар, Теарце. Брвеница, Боговиње и Битола.

Со цел јакнење на партиските капацитети, од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период.