Американскиот претседател Доналд Трамп немаше симптоми на Ковид-19 во последните 24 часа, а физичкиот преглед и виталните знаци покажуваат дека неговата состојба е стабилна, изјави денеска лекарот на Белата куќа, Шон Конли.
Во изјавата објавена со дозвола на Трамп, Конли рече дека претседателот немал температура повеќе од четири дена и дека не му треба дополнителен кислород за време на хоспитализацијата.
Лекарот исто така рече дека во крвта на претседателот се откриени антитела на Ковид-19.
Трамп беше хоспитализиран во петокот, откако тестовите покажаа дека е позитивен на Ковид-19. Во понеделникот се врати во Белата куќа.