Времето во Македонија претпладне облачно со повремени врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 18 степени.
Од петок до понеделник времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.