Таа има 85 години, 60 години е готвачка и има 120 години работен стаж. Не користела ниту еден викенд, а само четири пати била на одмор. Се вик Будиирка Буда Младеновиќ и веќе 60 години е готвачка во мотелот Сопочани кај Нови Пазар.

Буда работи во две смени секој ден, спие 3-4 часа и утрото повторно на работа и никогаш не била на боледување.

Кујната на мотелот стана нејзин дом. Баба Буда е широко позната по своите кулинарски вештини, а особено по телешкото кое го прави на жар – тембал.

– Пораснав во сиромашно семејство, чував овци, а мајка ми ми рече да се вработам тука како готвачка и така го добив мојот прв динар. Таа ми рече дека само така може да си купам фустан во кој би можела да се омажам, вели Буда.

Таа не ни мислела дека времето од 1954 година до денес ќе го помине во кујната, каде што стана мајстор за домашни сцецијалитети, како тембал, скара, пити, колачи, јагне под вршник.

Дури и државници и дипломати доаѓале во мотелот да ги пробаат специјалитетите на Буда. Нејзините јадења ги пофалија дури имиња и како Тито, Кардељ, Ранковиќ.

За 60 години работа таа добила една соба за користење, во која само преспива бидејќи поголем дел од денот е во кујната каде што работи со децении со исто темпо од утро до полноќ и сè уште успева да подготви храна за околу 100 луѓе секој ден.