Во период кога пред Владата протестно се врзуваат магариња, како порака од граѓаните за трошењето пари за дресирање магариња и фризерници, што ги троши актуелната власт денеска вниманието на јавноста е свртено со апсење на кумот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Тоа добро ќе им дојде на актуелните „борци против криминалот и корупцијата“ во Македонија вниманието да се сврти уште еднаш кон „бившиот режим“.
Како што е соопштено денеска по наредба на Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.
Од Кривичниот суд информираат дека ќе испратат соопштение по завршувањето на процедурата пред судијата на претходна постапка.
Во соопштението се додава дека покрај Груевски и Новачевски, за истото дело ова обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Тие не биле приведени, бидејќи за нив веќе постојат мерки на претпазливост.