Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од Центарот за конуникации на владејачката партија:
Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа.
Јавноста е сведок на секојдневни акции на Министерството за внатрешни работи против прекршување на законите, за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци.
Деновиве преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група.
Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци, а припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.
Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, затоа следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции.
Градиме држава во која законите важат подеднакво за сите.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста