Министерството за здравство потврди дека триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје немал никакви претходни заболувања, објави ТВ21.

Од таму велат дека пациентот една недела бил болен со покачена температура, главоболка и малаксаност

Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести, велат од Министерството за здравство.