Републиканците од Мичиген тврдат дека во округот Антрим илјадници гласови во корист на Доналд Трамп му биле дадени на противкандидатот Џо Бајден и демократскиот кандидат за сенатор Гери Питерс, наместо на републиканецот Џон Џејмс поради грешка во софтверот.

Врз основа на изброените 98 отсто од гласовите во Мичиген, Бајден води со 146.123 гласови, па така Асошиејтед прес и другите влијателни медиуми во САД веќе објавија дека тој е победник во таа земја, објави Њујорк пост.

Претседателката на Републиканската партија во државата Мичиген, Лора Кокс изјави дека по грешка му биле доделени околу 6.000 гласови на кандидатот за претседател на Демократската партија во округот Антрим, наместо на Доналд Трамп, а за таа грешка „виновен е неуспехот на софтверот“.

Кокс истакнала дека оттогаш е откриено дека истиот софтвер бил користен во дури 47 региони со иста цел, што е повеќе од половина од 87-те области во таа сојузна држава, а изборниот штаб на Трамп ја сподели својата изјава на Твитер.