Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на корона вирус и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.
Таа вели дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми.
-Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на Клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од корона вирусот. Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна – вели Зајкова.